недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 0
home Вести

Сирил Рамафоза избран за нов претседател на Јужна Африка

Сирил Рамафоза избран за нов претседател на Јужна Африка

Парламентот на Јужна Африка денеска го избра Сирил Рамафоза за нов шеф на државата, откако досегашниот претседател Џејкоб Зума синоќа поднесе оставка под притисок на владејачкиот Африкански национален конгрес (АНЦ).

Рамафоза, кој беше единствен кандидат за функцијата, беше избран со акламација на предлог на претседателот на Уставниот суд на Јужна Африка, Могоенг Могоенг.

Зума синоќа во телевизиско обраќање соопшти дека поднесува оставка, откако АНЦ се закани дека ако тој не се повлече самиот, ќе покрене иницијатива за изгласување недоверба.

Оставката на Зума следува по интензивниот повеќемесечен притисок од јавноста да си замине од функцијата поради повеќе обвинувања за корупција. Зума во синоќешното обраќање уште еднаш повтори дека не „не сторил ништо лошо“.

Рамафоза доаѓа на функцијата претседател на Јужна Африка, откако лани во декември беше избран за лидер на АНЦ.

Коронавирус