вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 210
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Лисиче

home Вести

Сирија се заканува со одмазда за израелскиот напад

Сирија се заканува со одмазда за израелскиот напад

Силите кои се борат на страната на сирискиот претседател Башар ал Асад денеска соопштија дека жестоко ќе одговорат на израелскиот напад врз областа Палмира.

Во соопштението од таканаречениот Оперативен штаб на сојузниците на Асад, кој е поддржан од Иран, се наведува дека одговорот може да биде „многу суров“, додавајќи дека поголем број жртви во вчерашниот израелски напад се избегнати со добро прегрупирање во пустинската област.

– Резултатот од овој напад е смрт на маченици и повеќе повредени, наши браќа муџахедини. Решивме да одговориме на овој напад со одмазда за мачениците и крвта на повредените, а одговорот ќе биде многу суров, се наведува во соопштението објавено во проиранските медиуми, за кое западните медиуми ја провериле автентичноста.

Висок воен извор, кој побара да остане анонимен, истакна дека израелските напади, меѓу другите цели, ја погодиле и воздушната база Т4, ги повлекле милициите поддржани од Иран и лансирале беспилотни летала во последните месеци во нападите врз американските бази во северниот дел на Сирија. Според воени аналитичари, областа Палмира каде што беа извршени нападите е близу до голема концентрација на руски бази, каде што нејзините трупи изведуваа маневри со сириските војници во изминатите денови.

Како што е претходно објавено, еден сириски војник загина, а тројца се повредени во синоќешниот израелски воздушен напад врз областа Палмира, објави сириското Министерство за одбрана.

Нападот, чија цел беше комуникациска кула, се случи во 23.34 часот по локално време, а беше предизвикана одредена материјална штета, се наведува во краткото соопштение на Министерството, објавено на Фејсбук. Инцидентот се случи неколку дена откако сириската противвоздушна одбрана одговори на израелскиот напад, врз воената база во централната провинција Хомс, при што беа повредени шест војници и причинета е материјална штета.

Израел изврши повеќе напади во делови на Сирија во изминатите години, а Тел Авив потврди дека напаѓа бази на милициите поврзани со Иран, како што е либанскиот Хезболах, кој се бори на страната на силите на сирискиот претседател Башар Асад во граѓанската војна.

Локални избори 2021