недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 32
home Вести

Сирија: Побегнаа 785 сопруги и деца на припадници на терористичката ИСИС

Сирија: Побегнаа 785 сопруги и деца на припадници на терористичката ИСИС

Најмалку 785 жени поврзани со т.н. Исламската држава и нивните деца го напуштија кампот, кој го чуваа сириски курдски сили на северот на земјата, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија.

Директорот на организацијата Рами Абдулахман рече, повикувајќи се на извори од кампот Аин Иса, дека таму владее анархија.

Официјален претставник на сириските демократски сили рече дека тие немаат доволно чувари во кампот Аин Иса за да ги спречат членовите на семејствата на припадниците на терористичката Исламска држава да избегаат.

– Чувањето на кампот веќе е ослабено, затоа што силите мораше да бидат испратени на фронтот, а дополнително се влоши кога во близина паднаа гранати испукани од турските сили, поради што останатиот персонал побегна, рече портпаролот на сириските демократски сили Марван Камишло.

Тој додаде дека во кампот останале 60-70 чувари, додека во нормални околности нема помалку од 700.

– Во кампот има околу 12.000 раселени лица, меѓу нив и членови на семејствата на милитантите од ИД. Идеално, во кампот би требало да има 1.500 чувари, рече Камишло.