четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 153
home Вести

Сирија: Активисти тврдат за најмалку 15 жртви во напади во Идлиб

Сирија: Активисти тврдат за најмалку 15 жртви во напади во Идлиб

Најмалку 15 лица загинаа денеска во воздушен напад на сириските владини сили врз пазар и индустриска област во Идлиб. Тоа го изјавија активисти на опозицијата.

Насилството во Сирија продолжи, иако договорот за прекин на огнот постигнат меѓу Русија и Турција минатата недела, стапи во сила. Москва и Анкара се посредници што поддржуваат спротиставени страни во конфликтот.

Волонтерот на Сириската цивилна одбрана Јахја Абу ал-Џаман изјави дека 15 лица загинале во попладневниот напад и 65 се повредени, повеќето од нив во критична состојба.

Опозициската Сириска организација за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека пазарот и индустриската област биле полни со луѓе во моментот на нападот и исто така нагласи за 15 загинати лица.

Тие тврдат дека биле извршени воздушни напади и во други делови на провинцијата Идлиб, вклучувајќи најмалку 42 напади на руската армија и 33 напади на сириските владини сили.

Русија е главниот сојузник на сирискиот претседател Башар Асад во сириската граѓанска војна, додека Турција силно поддржува некои од бунтовничките групи.

Идлиб е контролиран од бунтовници, вклучувајќи ги и опозициските групи поддржани од Турција и екстремистите на Ал-Каеда, најсилни во областа со три милиони цивили.

ОН соопштија дека најмалку 300.000 луѓе биле раселени поради насилствата во областа во декември.

Повеќе од 400.000 луѓе се убиени во сириската граѓанска војна, што почна во март 2011 година. 

Коронавирус