петок, 27. мај 2022. Вести денес: 101
home Вести

Сирени и вонредна состојба на улиците: Оружен напад во универзитет (ВИДЕО)

Сирени и вонредна состојба на улиците: Оружен напад во универзитет (ВИДЕО)

Непознат напаѓач отворил оган денес на универзитетот во германскиот град Хајделберг, при што неколку луѓе се ранети. Полицијата соопшти дека напаѓачот е мртов, а снимките на социјалните мрежи од тој град покажуваат дека вонредната состојба сè уште трае.

На социјалните мрежи се појавија снимки од Хајделберг, каде денес се случи пукање. Иако напаѓачот е мртов, а сите ранети се примени во локалната болница, голем број безбедносни сили и понатаму се на улиците.

Додека одекнуваат сирени, возила на полицијата и на брзата помош забрзано минуваат низ градот.

Според германски Велт, непознат маж околу 12:35 часот влегол во салата на универзитетот. Пукал во присутните, при што потешко рани неколку луѓе.

Полицијата соопшти дека веднаш по пријавата излегла на лице место, како и дека напаѓачот е мртов. Иако се претпоставува дека е неутрализиран во полициската акција, безбедносни извори кажале дека напаѓачот најпрво избегал и дека полицијата трагала по него.

Тој набрзо бил најден мртов, поради што постои основан сомнеж дека извршил самоубиство. Според информациите на агенцијата ДПА, и самиот напаѓач е студент. Тој немал ни политички ни верски мотиви, наведуваат безбедносни извори.

Полицијата соопшти дека е утврдено дека напаѓачот дејствувал сам, но дека истрагата ќе продолжи во следните денови.

фото: epa-efe

Коронавирус