понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 108
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Синовите на Кашоги им простија на луѓето кои го убија нивниот татко

Синовите на Кашоги им простија на луѓето кои го убија нивниот татко

Иако во изминатите години минаа низ различни тортури, синовите на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги објавија изјава во која им простуваат на убијците кои го ликвидираа нивниот татко.

Салах Кашоги ја објави изјавата на Twitter во која вели дека изјавуваат „прошка на оние кои го убија неговиот татко, барајќи награда од семожниот Бог“.

Според исламскиот закон, смртната казна може да биде ублажена поради помилувањето на семејството на жртвата, иако не е јасно дали тоа ќе се примени и во овој случај.

Саудискиот принц Мухамед бин Салман претходно изјави дека има доверба во саудиската истрага за смртта на Капоги и дека ги поддржува истражните органи во земјата.

Кашоги беше убиен во октомври, 2018 година во Истанбул. Пред смртта пишуваше за Washington Post и живееше во САД.

Коронавирус