среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 116
home Вести

Синовак го зголеми производствениот капацитет на вакцината против коронавирус на две милијарди дози годишно

Синовак го зголеми производствениот капацитет на вакцината против коронавирус на две милијарди дози годишно

Кинеската компанија „Синовак“, со отворањето на третата фабрика во Пекинг, го удвои својот годишен капацитет за производство.

„Синовак“ соопшти дека го зголеми производствениот капацитет на вакцината против коронавирус на две милијарди дози годишно, пренесува Анадолија.

Во соопштението се вели дека компанијата завршила со изградбата и пуштила во употреба трета фабрика за сериско производство на состојки за антиковид вакцини.

Првата фабрика за производство на вакцини „Синовак“ беше отворена во август минатата година со годишен производствен капацитет од 500.000 дози, а во февруари годинава беше отворена и втората, со што се зголеми годишниот капацитет за производство на една милијарда дози.

Локални избори 2021