недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Синот на Бајден присуствуваше на инаугурацијата и покрај истрагата против него

Синот на Бајден присуствуваше на инаугурацијата и покрај истрагата против него
Hunter Biden, with his wife Melissa Cohen and their child Naomi Biden as they arrive at the 59th Presidential Inauguration at the U.S. Capitol in Washington, Wednesday, Jan. 20, 2021. (AP Photo/Susan Walsh, Pool)

Хантер Бајден, синот на новиот американски претседател Џо Бајден, присуствуваше денеска на церемонијата за инаугурација, и покрај сојузната истрага која се води против него поради сомнителни трансакции во странство.

Хантер пристигна на инаугурацијата во придружба на својата сопруга и малолетен син.

Тој призна дека против него е покрената истрага, но објасни дека сите свои бизниси ги водел легално.

-Оваа работа ја сфаќам многу сериозно, но убеден сум дека професионалното и објективно разгледување на ова прашање ќе покаже дека своите бизниси сум ги извршувал легално и на соодветен начин, истакна Хантер неодамна.

Бизнисите на Хантер во странство и евентуалната вмешаност на неговиот татко во истите, беа предмет на претседателската кампања во 2020 година, откако е откриено дека од неговиот лаптоп биле испраќани мејлови на една кинеска компанија.

Коронавирус