среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 162
home Вести

СИН-МОНСТРУМ: Им ги скршил главите на родителите, па мртви ги забетонирал (ВИДЕО)

Медиумите наведуваат дека се верува дека мотивот на ова страшно злосторство е лошиот однос меѓу снаата и свекрвата.
СИН-МОНСТРУМ: Им ги скршил главите на родителите, па мртви ги забетонирал (ВИДЕО)

Брачниот пар Елфриде и Петер од Шнајтах, кај Нирнберг, исчезнале кон средината на декември минатата година.

Полицијата по нешто повеќе од еден месец, во понеделникот пронашла две тела заѕидани во ѕид во гаражата на куќата во која Елфриде и Петер живееле со 25-годишниот син и 22-годишната снаа.

Вчера биле објавени резултатите од обдукцијата, според кои Елфрида и Петер биле убиени со удари во глава со тапи предмети, а се верува дека станува збор за чекан.

На несреќните сопружници им биле скршени черепите, а обвинителството потврдило дека биле усмртени со неколку удари во глава.

Полицијата ги привела синот и снаата под сомнение дека се извршители на ова ужасно злосторство. Убијците ги завиле безживотните тела во фолија и им ставиле пластични кеси на глава. За да спречат течење на крв и телесни течности, на телата ставиле голема количина на сол и потоа ги забетонирале во ѕидот во гаражата.

Медиумите наведуваат дека се верува дека мотивот на ова страшно злосторство е лошиот однос меѓу снаата и свекрвата.

Синот на брачниот пар и неговата сопруга, кои се во притвор, го пријавиле исчезнувањето на родителите кон крајот на декември, иако исчезнале уште на 13. тој месец.

Синот при сослушувањето давал противречни одговори, па меѓу другото, рекол дека родителите му отпатувале на одмор, но навел различни одредишта и време на нивното наводно заминување.

Коронавирус