сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 57
home Вести

Син добил забрана за контакт со родителите: Поради ова пет години не смее да им пријде, а сите го имаме правено тоа

Син добил забрана за контакт со родителите: Поради ова пет години не смее да им пријде, а сите го имаме правено тоа

На синот му е забрането да контактира со родителите пет години, откако им дошол преку глава, затоа што цело време им барал пари.

24 годишниот Мет Керлеј од Саутемптон во Англија добил судска забрана за контакт со родителите, откако е осуден поради вознемирување на повеќе членови на семејството.

Неговиот татко, 60 годишниот Пол ја поддржа одлуката на судот која ја предложила владината агенција „Краун Протекшн Сервис“, откако момчето упорно ги мачело него и негововата сопруга, 51 годишната Корин, со што им предизвикувал голем стрес, пишува британски Метро.

Веста доаѓа откако Керлеј е осуден на 32 недели зад решетки поради злоставување, но и покрај судската забрана, судот слушнал дека Керлеј родителите ги повикал 30 пати во еден ден, со што го прекршил судскиот налог.

Обвинителот Лајам Хант пред судот кажал дека 24 годишното момче бара, но лажел за причините.

-Тој им рекол на родителите дека има интервју за работа и дека мора да се избричи, но дека жилетот му се скршил сред бричење. Барал пари, кои тие му ги дале, но потоа се појавил со брада, кажал тој.

Неговата упорност ги натерала родителите да го тужат за злоставување, но неговото однесување повторно се влошило.

-Во еден ден, минатиот месец, неговите родители примиле 30 повици. Исто така, тоа било сред ноќ, додал обвинителот.

-Јасно му е дека им предизвикал стрес на своите родители и дека тоа ќе мора да престане. Затворот него го направи многу подобар, изјави адвокатката на Керлеј, Џули Мејси, откако тој ја отслужи 12 месечната затворска казна поради прекршување на забраната за пристап.

Керлеј не смее да контактира со своите родители, ниту да оди во нивниот дом наредните пет години.