среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Силното невреме на Хаваите предизвика хаос- се закануваат „катастрофални поплави“

Силното невреме на Хаваите предизвика хаос- се закануваат „катастрофални поплави“

Силно невреме проследено со јак ветар и екстремно силен дожд денеска ги поплави патиштата и ги искина далноводите низ Хаваите.

Властите предупредуваат на можно влошување на ситуацијата.

Националната метеоролошка служба соопшти дека поради невремето во следните неколку дена на островите им се закануваат „катастрофални поплави“.

Гувернерот на Хаваите, Дејвид Иге, ги предупреди граѓаните да подготват план за вонредни ситуации и да бидат снабдени со залихи во случај на евакуација, пренесуваат американските медиуми.

На островот Мауи веќе се забележани прекини на струјата и поплави, додека на островот Мајор Мич Рот во неделата беше прогласена вонредна состојба.

Коронавирус