среда, 18. септември 2019. Вести денес: 1
home Вести

Силно невреме во Велика Британија

Силно невреме во Велика Британија

Поројни дождови и силен ветер предизвикаа сообраќаен хаос во Велика Британија, а на некои места се издадени предупредувања за силно невреме.

Националната метеоролошка служба соопшти дека во реонот на Ламанш, Југозападна Англија и Западен Велс брзината на ветрот изнесува околу 100 километри на час.

Од возачите е побарано да бидат исклучително внимателни, бидејќи патиштата се лизгави. Движењето на фериботите преку Ламанш е премногу отежнато поради брановите, а има прекин и во железничкиот сообраќај во Шкотска.

Властите откажаа повеќе настани на отворено низ целата земја. Издаден е жолт аларм за предупредување од поројни дождови и ветер за речиси целата територија на Обединетото Кралство.