недела, 26. септември 2021. Вести денес: 82
home Вести

Силно невреме на југот од САД, најмалку шест жртви во Мисисипи

Силно невреме на југот од САД, најмалку шест жртви во Мисисипи

Најмалку шест лица загинаа во силното невреме на југот на Мисисипи во кое се оштетени најмалку 300 куќи и една зграда на северот од Луизијана.

Едно лице погина во округот Волтхол, две во Лоренс, а три во округот Џеферсон Дејвис. Сите три округа се наоѓаат на околу еден час возење јужно од Џексон, во близина на Луизијана.

Националната метеоролошка служба соопшти дека силниот ветер минал и низ другите делови на Мисисипи, каде имало и локални торнада.

Гувернерот на Мисисипи, Тејт Риверс, прогласи вонредна состојба во државата бидејќи е погодена и од неколку торнада, јавија американските медиуми.

Од силниот ветар искинати се електричните водови , а врз неколку куќи во Клерксдејл паднале дрвја.

Коронавирус