сабота, 15. јануари 2022. Вести денес: 23
home Вести

Силни земјотреси ја стресоа Јапонија, се стравува од цунами

Силни земјотреси ја стресоа Јапонија, се стравува од цунами

Токио – Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди областа во близина на јапонската планина Фуџи.

Потоа следел уште еден силен земјотрес во областа недалеку од западниот јапонски град Осака. Сепак, нема извештаи за повредени или сериозни оштетувања на инфраструктурата, јавува Ројтерс.

Првиот земјотрес се случи околу 06:37 часот во градот Отсуки во источниот дел на префектурата Јаманаши, кој според јапонската сеизмичка скала бил послаб од 5 степени.

Земјотресот ги погоди и областите во близина на Токио, вклучувајќи ги Сагамихара и Ацуги, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Агенцијата наведува дека нема закана од цунами по два земјотреси, но предупредува дека земјотрес со сличен интензитет може да се појави во рок од една недела.

Сеизмолозите тврдат дека овие два земјотреси најверојатно не се поврзани. Епицентарот на земјотресот во областа Пет езера Фуџи бил на длабочина од околу 19 километри, наведува агенцијата.

Некои возови тргнале со намалена брзина по земјотресот со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, но не е забележано поголемо нарушување во сообраќајот.

Околу 600 домаќинства во префектурата Јаманаши се соочиле со прекин на електричната енергија, соопшти јапонската енергетска компанија TEPCO Power Grid.

Во одделен случај, земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ја потресе западната префектура Вакајама кај Осака околу 9.28 часот, а неговиот епицентар бил на длабочина од 18 километри.

Коронавирус