недела, 19. мај 2019. Вести денес: 67
home Вести

Силен земјотрес во Папуа Нова Гвинеја, издадена тревога за цунами

Силен земјотрес во Папуа Нова Гвинеја, издадена тревога за цунами

Силен земјотрес со јачина од 7,5 степени по Рихтеровата скала ја погоди Папуа Нова Гвинеја, по што е издадена тревога за опасност од цунами за земјата и соседните Соломонски Острови.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 45 километри североисточно од Кокопо, главниот град на папуанскиот остров Источна Нова Британија, на релативно мала длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки институт.

Плитките земјотреси имаат тенденција да предизвикаат повеќе штета на површината на Земјата, но соред Американскиот институт проценетата штета и евентуални повреди ќе бидат ниски поради ретко населената популација.

Во земјотресот, со истиот интензитет, кој минатата година го погоди централниот дел на земјата, загинаа 125 лица, а над 35 илјади останаа без покрив над главата.