петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 18
home Вести

Силен земјотрес во Иран: Бројот на повредени и загинати лица порасна на 520

Силен земјотрес во Иран: Бројот на повредени и загинати лица порасна на 520

Иранската државна телевизија соопшти дека во вчерашниот земјотрес е зголемен бројот на повредени и изнесува над 520.

Бројот на жртви е зголемен по извештаите од спасувачките операции во повеќе од 80 села во покраината источен Азербејџан во Иран.

Според првите податоци, пет лица загинале во земјотресот со јачина од 5,9 степени. Подоцна беше објавено дека најмалку 28 лица се хоспитализирани, а други се здобиле со полесни повреди и биле пуштени од болницата.

Земјотресите се честа појава во Иран. Во земјотрес со јачина од шест степени во јуни 2003 година загинаа 26.000 луѓе, а во 2017 година повеќе од 600 лица.