среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Силен земјотрес во Чиле

Силен земјотрес во Чиле

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди Валпараисо во Чиле рано изутринава, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот бил на длабочина од 112 километри, соопшти ЕМСЦ.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 93 километри североисточно од главниот град Сантијаго, каде живеат околу 4,8 милиони луѓе.

Засега нема други информации за земјотресот и не е објавена травога за можно цунами.

Коронавирус