вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 110
home Вести

Силен земјотрес во Анталија

Силен земјотрес во Анталија

Земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтер денеска ја погоди турската крајбрежна провинција Анталија, соопшти Опсерваторијата Канадили.

Епицентарот на потресот бил на длабочина од 93,3 километри.

Турските медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во Анталија и соседните провинции.

Засега нема информации за жртви или штети.

Коронавирус