понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 164
home Вести

Силен земјотрес утринава ја погоди Турција

Силен земјотрес утринава ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 5,4 степени по Рихтер утринава во 7 часот ја погоди Турција.

Епицентарот бил на околу 20 километри од градот Елазиг. Се уште нема информации за евентуални штети или жртви.

Инаку, градот Елазиг се наоѓа во сеизмички активно подрачје. Минатата година овој град беѓше погоден од силен земјотрес со јачина од 6,4 степени во кој загинаа најмалку 41 лице, а 1607 беа повредени.

Турција е меѓу сеизмички најактивните земји во светот, бидејќи се наоѓа на неколку активни линии. Секојдневно во Турција има по десетина послаби земјотреси.

Коронавирус