понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 77
home Вести

Силен земјотрес регистриран јужно од Аргентина

Силен земјотрес регистриран јужно од Аргентина

Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран јужно од Аргентина, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Епицентарот на земјотресот бил на 24 километри јужно од градот Ушуаја, на архипелагот Огнена Земја, на длабочина од 10 километри. (МИА)