недела, 22. мај 2022. Вести денес: 100
home Вести

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди североисточниот дел на Авганистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Според Центарот, епицентарот на земјотресите бил на 49 километри источно од градот Баглан, каде што живеат околу 108.000 луѓе. Изворот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за причинета материјална штета или жртви.

Коронавирус