сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 62
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Вести

Силен тајфун се упати кон Јапонија

Силен тајфун се упати кон Јапонија

Силниот тајфун Џонгдари се движи кон најголемиот јапонски остров Хоншу, соопшти денеска метеоролошката служба на Јапонија.

Ова е 12-ти тајфун во текот на оваа сезона, но Јапонците се надеваат дека тој ќе донесе барем делумно заладување по големите летни горештини. Најмалку три лица починаа вчера како резултат на високите температури.

Тајфунот е на 230 километри од Јапонија и се движи со брзина од 30 километри на час. Во неговото жариште дуваат ветрови со брзина од над 140 километри на час.

Метеролозите предупредуваат на опасноста да се повторат поројните дождови од почетокот на јули, кои предизвикаа поплави и свлечиште во западниот дел на Јапонија, при што загинаа 224 лица.

Коронавирус