четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Силен тајфун им се заканува на Филипините, евакуирани се 200.000 луѓе

Силен тајфун им се заканува на Филипините, евакуирани се 200.000 луѓе

Од крајбрежните и планинските области на Филипините се евакуирани 200.000 луѓе заради опасност од поплави и лизгање на земјиштето.

Се работи за тајфунот Камури, кој ќе ги погоди Филипините оваа година.

Метеоролозите прогнозираат дека тајфунот проследен со ветер од 165 километри на час ќе го погоди островот Лузон.

Сите четири терминали во престолнината Манила утре ќе бидат затворени од 11 до 23 часот по локално време заради претпазливост.

Службата за вонредни ситуации објавила дека 200.000 луѓе се евакуирани од десетина провинции на југот на Лузон, пренесува „Ројтерс“.