сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Вести

Сијарто: Не сме го нападнале Сорос, туку не сакаме да се реализираат неговите штетни визии

Сијарто: Не сме го нападнале Сорос, туку не сакаме да се реализираат неговите штетни визии

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денес изјави дека партијата Фидес не била суспендирана од Европската народна партија (ЕПП) туку дека самата привремено се повлекла од ЕПП. Сијарто подвлече дека Фидес и ЕПП постигнале заемна согласност, со консензус, одлуката што беше донесена во Брисел.

-Точно е дека нашите силни критики за мигрантската политика во Европа не ги споделуваат многу од другите партии. Оваа коалиција на партии се придвижи поблиску до левицата, изјави Сијарто, кој заедно со премиерот на Унгарија Виктор Орбан ја позиционираат Фидес силно кон десницата.

Десетина партии-членки на ЕПП бараа да се покрене постапка против Фидес, откако унгарската партија упати јавни критики кон претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, поради неговата попустлива политика кон идејата за отворање на европските граници. Орбан обвини партии и политичари во Брисел дека ги следат идеите на левичарскиот милијардер Џорџ Сорос, кој отворено се залага за отворени граници и масовна имиграција во Европа. Едно од барањата на ЕПП кон Фидес беше партијата да дозволи универзитетот ЦЕУ, што Сорос го отвори во Будимпешта, да може да продолжи да издава дипломи сертифицирани во САД.

Сијарто одговори дека Унгарија преземала мерки за да го намали прекумерното влијание кое Сорос го има во обликување на јавните дебати во Унарија и во Европа.

-Не се согласувам со тврдењата дека ние сме го „нападнале“ Сорос. Визијата на Сорос за иднината на Европа, и визијата на Сорос за иднината на Унгарија, се опасни, штетни и ние не сакаме тие да се реализираат, изјави Сијарто.