петок, 24. септември 2021. Вести денес: 89
home Вести

Сијарто: Брисел ја притиска и уценува Унгарија

Сијарто: Брисел ја притиска и уценува Унгарија

Унгарија е изложена на континуирани напади од Брисел и притисоци за ја промениме секоја наша одлука, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

-Каква одлука и да донесеме, европските инстиутции наоѓаат начин да вршат притисок и да не уценуваат за да ја промениме и да не ги користиме своите национални овластувања, објасни Сијарто за Би-Би-Си.

Тој истакна дека Унгарија е подготвена за дијалог со ЕУ, но дека нема да влегува во „дебати засновани на стереотипи“.

-Институциите на ЕУ се федералистички и работат на тоа да создадат Соединети Европски Држави, на што ние дефинитивно се противиме. Дефинитивно нема да го смениме нашиот пристап кон специфичните политички прашања за кои лидерите на одредени држави членки рекле дека се против на основите вредности на ЕУ, нагласува шефот на унгарската дипломатија.

Посочува дека унгарската влада е христијанско-демократска и патриотска со стабилна поддршка во парламентот и народот што дозволува малку мешања од надвор.

Коронавирус