понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 178
home Вести

Сигурно се сеќавате на ова дете кое учеше под бандера- неговата животна приказна го потресе светот, а сега доби среќен крај

Сигурно се сеќавате на ова дете кое учеше под бандера- неговата животна приказна го потресе светот, а сега доби среќен крај

Виралната снимка на 11- годишниот Виктор Мартин Ангуло Кордоба од Перу, кој учи под бандера зашто неговите родители немаат пари да платат струја, го привлече вниманието и растажи милиони луѓе низ светот.

Оваа вистинска тажна животна приказна за малото момче од Перу стигна и до 31- годишниот бизнисмен и филантроп од Бахреин, Јагуб Јусуф Ахмед Мубарак, па откако ја слушнал, решил да замине во Перу и да му помогне на момчето.

Мубарак ја надградил и куќата во која живеел Виктор и сега има два ката. На мајката на Виктор и помогнал да отвори сопствен бизнис, а локалните власти ги поттикнал финансиски да го уредат училиштето.

Милионерот открил дека и самиот потекнува од бедно семејство, па токмуи затоа се надева на светла иднина за Виктор.

Потегот на Мубарак, наиде на големи пофалби и верба дека сепак има добрина кај луѓето.

Коронавирус