петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 120
home Вести

Сиднеј: 140 долари казна за неносење маска во Сиднеј

Сиднеј: 140 долари казна за неносење маска во Сиднеј

Властите во Сиднеј, најнаселениот град во Австралија, наметнаа задолжителното носење маска во затворен простор, поради зголемениот број на инфекции со коронавирусот. Тоа го објави премиерот на државата Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклјан, јави ДПА.

Државата регистрираше уште седум случаи на зараза во западниот дел на Сиднеј и областа Северна плажа во последните две недели.

Новите случаи ги принудија властите да воведат нови ограничувања, вклучително и забрана за собирање повеќе од пет лица. Одлуката за носење маска ќе стапи на сила вечерва, но нема да важи до понеделник на полноќ.

– Казната е 140 американски долари ако не се носи маска, предупреди Береџиклијан.

Луѓето се должни да носат маска во трговски центри, јавен превоз, кина, верски храмови, фризери и салони за убавина.

Другите држави реагираа во последните денови со затворање на границите, предизвикувајќи долги редици автомобили на државните граници.

Коронавирус