петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Си ја убил сопругата за со парите од животното осигурување да започне нов живот со својот љубовник (ФОТО)

Си ја убил сопругата за со парите од животното осигурување да започне нов живот со својот љубовник (ФОТО)

Фармацевтот Митеш Пател од британскиот град Миделсброу е обвинет дека на 15-ти мај оваа година ја убил својата сопруга Џесика со помош на пластична кеса, со цел да добие пари од животното осигурување на нејзино име и да побгне со својот љубовник во Австралија.

-Џесика Пател е задушена. Обвинителството тврди дека пластичната кеса за намирници била користена како средство за врзување и давење, изјави обвинителот Николас Кембел за британските медиуми.

Митеш Пател на суд се појавувал во својоство на сведок се до моментот кога полицијата воочила дека има гребнатинки на вратот. Обвинителот Кембел тврди дека Пател имал мотив за убиството на неговата сопруга со оглед на тоа што таа била сопственичка на неколку полиси за животно осигурување.

„Планирал да ги искористи парите за во Австралија да започне нов живот со лице кое што вистински го сакал и го сметал за своја сродна душа – друг маж“, откри Кембел.

„Митеш и Џесика Пател заедно воделе аптека, а се запознале уште за време на студиите. Но, Митеш ја изневерувал својата сопруга со мажи кои што ги запознавал на социјалните мрежи“, открива обвинителот.

Судот открил дека Пател пред пет години на интернет се обидел да дознае колку дози инсулин се потребни за убивање на здраво лице кое што не боледува од дијабетис. Фармацевтот се интересирал и за „животот после загубата на сопружникот“ како и „изградба на животот после загубата на сопружникот“.

Пател ги отфрла обвиненијата и тврди дека денот кога неговата сопруга била убиена, тој бил на прошетка и кога се вратил дома забележал дека некој провалил во неговиот дом. Обвинителството тврди дека Пател после убиството се вратил дома, лажирал провала и го сокрил дискот со снимените материјали од надзорните камери.

Коронавирус