вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Си го отсекол прстот откако гласал за погрешна партија

Си го отсекол прстот откако гласал за погрешна партија

Индиски гласач си отсекол прст откако сфатил дека гласал за погрешна партија на парламентарните избори.

Во видео кое се прошири на интернет, Паван Кумар вели дека случајно гласал за владејачката партија Баратија џаната. Тој сакал да гласа за една регионална партија, но се збунил од премногу симболи на гласачката машина. Во Индија, показалец на секој гласач се означува со невидливо мастило откако ќе гласаат.

„Сакав да гласам за слонот, но по грешка гласав за цветот“, вели Кумар во видеото, алудирајќи на партиските симболи кои се истакнати веднаш до името на кандидатот.

Партиските симболи имаат важна улога на изборите во Индија бидејќи лесно се идентификуваат во земјата каде што има голем процент на неписмено население. На изборите учествуваат голем број регионални партии и коалиции, што често ги збунува гласачите.

Изборите во Индија, во кои учествуваат 900 милиони гласачи, се спроведуваат во седум фази и траат до 23 мај.

Коронавирус