петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 8
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Си-Ен-Ен: САД очекуваат пандемијата да трае 18 месеци

Си-Ен-Ен: САД очекуваат пандемијата да трае 18 месеци

Владата на САД се подготвува за пандемијата од коронавирусот, која би можела да трае до 18 месеци и подолго и да има неколку бранови на разболување.

– Американските болници веќе известија дека се соочуваат со недостиг на опрема и лекови, а американската Влада неделава објави дека ќе ги помогне болниците кои останале без резерви и ќе одреди уште два медицински објекта за сместување на заболените, истакнува Си-Ен-Ен.

Според телевизијата сојузните влади веќе презеле голем број мерки за да го спречат ширењето на болеста, како што е затворање на училишата, а баровите и рестораните се претворени во служби за снабдување со храна. Додека локалната власт на Сан Франциско им препорача на граѓаните да пронајдат засолништа и ако е неопходно да ги напуштат домовите.

Во последните 24 часа бројот на инфицирани со Ковид-19 порасна за 40 проценти и изнесува 9.000 луѓе, а починаа најмалку 149.

Гувернерите на американските сојузни држави апелираат за одлучна реакција од федералната Влада.

Претседателот Доналд го испрати американскиот воен болнички брод во Њујорк, кој треба да пристигне за една недела и ќе се користи како болница во градското пристаниште.

Во сила е Закон за прозиводство за зајакнување на националната одбрана (Defensive Production Act) од 1950 година, кој во воени услови и овозможува на државата да ги контролира сите производствени процеси.

Коронавирус