вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 149
home Вести

Шверцери со дрога спасиле полицајци, па биле уапсени

Шверцери со дрога спасиле полицајци, па биле уапсени

Тројца шпански полицајци кои паднале од брод кој се превртел за време на потера биле спасени од шверцерите со дрога кои ги гонеле, соопшти локалната полиција.

До неочекуваното спасување дошло кога полициски чамец тргнал во потера по четворица осомничени шверцери со дрога во близина на јужниот брег на Шпанија.

-За време на потерата двата чамци се судрија, по што полицајците паднеле во моето. Полицајци од хеликоптер со мегафон побарале помош од осомничените во глисерот, стои во соопштението.

Спасувањето не им помогнало на шверцерите кои биле уапсени откако полицијата пронашла три тони хашиш во вода во нивна близина.