среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 62
home Вести

Шведскиот премиер бара крај на блоковската политика во Шведска

Шведскиот премиер бара крај на блоковската политика во Шведска
epa07050475 Acting Swedish Prime Minister and Social Democrat party leader Stefan Lofven (C) speaks during a press conference after meeting with the Speaker of Parliament in Stockholm, Sweden, 27 September 2018. All party leaders will meet with the Speaker of Parliament who will then decide who to nominate for Prime Minister. No party got enough votes in the 09 September elections to form a majority government. Sweden's prime minister Stefan Lofven lost a no-confidence vote in parliament on 25 September. EPA-EFE/PONTUS LUNDAHL SWEDEN OUT SWEDEN OUT

Шведскиот в.д. премиер Стефан Ловен денеска изјави дека има подобрена политичка клима во земјата и дека може да се изнајде решение за состојбата која настана откако ниту еден од политичките блокови не успеа да обезбеди мнозинство на неодамнешните парламентарни избори.

Ловен, кој ја предводи Социјалдемократската партија, остана на должноста премиер иако му беше изгласана недоверба во Парламентот, во кој претставник на конзервативната Умерана партија (Модератерна) беше избран за спикер.

Добрите изборни резултати на десничарската националистичка партија Шведски демократи ги ослабнаа двете водечки групации – блоковите на социјалдемократите и на десниот центар и доведоа до политички застој.

– Постојат многу потенцијални можности за излез од политичкиот ќорсокак. Тие предвидуваат да престанеме со блоковската политика и да овозможиме одделните партии да соработуваат меѓу себе, што може да се постигне доколку има малку повеќе волја меѓу лидерите, изајви Ловен, алудирајќи на можност за широка коалиција.

И социјалдемократите и Модератерна имаат по неколку помали партии кои гравитираат околу нив и кои го надополнуваат нивното мнозинство во Парламентот.

Блокот на Ловен имаше еден од историски најлошите резултати и освои 144 пратеници, додека блокот на Модератерна има 143, а СД располага со 62 мандати.

Коронавирус