среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 140
home Вести

Шведска воведува задолжителен ПЦР тест

Шведска воведува задолжителен ПЦР тест

Од задутре за влез во Шведска ќе биде неопходен негативен резултат од ПЦР-тест, направен до 48 часа пред да влезе во државата, соопшти прес-центарот на Министерството за надворешни работи.

Новите правила ќе важат за сите странски државјани на возраст над 18 години до 31 март 2021 година.

Исклучоци се предвидени за лица на возраст под 18 години, за граѓани со статус на постојан престој во Шведска, за оние кои се вработени во транспортниот сектор, за елитни спортисти и за сезонски работници.

Земјата воведе и привремена забрана за влез на сите патници кои пристигнуваат од Данска и Норвешка, вклучително и оние кои се во транзит, што важи до 14 февруари 2021 година.

ЕУРО 2020

Македонија