сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 95
home Вести

Шведска размилува за трета доза на вакцината против Ковид-19: Наскоро укинување на голем број од мерките

Шведска размилува за трета доза на вакцината против Ковид-19: Наскоро укинување на голем број од мерките
Foto: EPA

Шведска размислува за давање трета доза на вакцина против коронавирус на поголем дел од населението од страв дека заштитниот ефект на две дози од вакцината не е доволен и дека може да почне да опаѓа со текот на времето, објави денеска Агенцијата за јавно здравје. , пренесува Танјуг.

Здравствената агенција неодомна воочу дека има околу 40.000 луѓе на кои им е потребна трета доза на вакцина, но денес соопшти дека овој број на луѓе наскоро би можел да се зголеми.

– Постојат знаци од странство кои покажуваат на тоа дека заштитата од вакцинацијата по некое време исчезнува, особено кај постари лица, изјави на конференцијата за новирани, Сара Бифорс, официјално лице на Агенцијата за јавно здравје.

Таа истакна дека е важно таа потреба да се исполни со трета доза.

Шведска вакцинираше 83 проценти од населението над 16 години со една доза, а 76 проценти ги примија двете дози.Земјата одлучи дека е против карантин за време на пандемијата на коронавирусот, а во сила се претежно доброволни антиковид мерки. Повеќето мерки и препораки против коронавирусот, како што е наведено, ќе бидат завршени следната недела.

Коронавирус