понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 183
Во живо

Следете во ЖИВО прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Шведска: Приведени три лица, осомничени дека подготвувале терористички напад

Шведска: Приведени три лица, осомничени дека подготвувале терористички напад

Шведската полиција денеска приведе три лица, под сомнение дека подготвувале терористички напад.

Властите велат дека случајот има меѓународен карактер.

Шведското внатрешно разузнавање соопшти дека три лица биле приведени во различни делови на Стокхолм, поради активности поврзани со тероризам. Неколку други луѓе се повикани на сослушување.

Портпаролката на разузнавачката служба изјави дека случајот има меѓународен карактер, но не сакаше да прецизира за кои држави станува збор.

Разузнавачката служба информира дека терористичката закана во Шведска останува „непроменета, односно на трето ниво од петстепената скала, што значи „зголемена закана”.

МИА

Коронавирус