сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 42
home Вести

Шведска нема да ја дава вакцината на АстраЗенека на постари лица- еве ја причината за која зборува цела Европа

Шведска нема да ја дава вакцината на АстраЗенека на постари лица- еве ја причината за која зборува цела Европа

Шведска ќе ја игнорира препораката на Светската здравствена организација (СЗО), според која вакцината на АстраЗенека е добра и за луѓе постари од 65 години, изјави денеска државниот епидемиолог Андерс Тегнел.

– Ако ја имате само таа вакцина на располагање, секако ќе ја дававте и на луѓето над 65 години. Во Шведска, имаме луксуз да имаме повеќе видови вакцини, па сметаме дека е разумно ова што го правиме сега – да ги групираме вакцините по различни групи, изјави Тегнел.

Шведската служба за јавно здравје минатата недела објави дека вакцината на АстраЗенека не содржи доволно податоци за нејзината ефикасност кај постарата популација и додаде дека ќе ја преиспитаат британската вакцина „подоцна, напролет“.

ЕУРО 2020

Македонија