четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 140
home Вести

Шведска ја прекина истрагата против Асанж

Шведска ја прекина истрагата против Асанж

Иако обвинувањата за силување се „кредибилни“, нема доволно докази за да се осуди основачот на Викиликс, изјави шведскиот обвинител.

Обвинението е за напад на две жени во Стокхолм во 2010, а Асанж постојано ги отфрлаше обвинувањата тврдејќи дека станува збор за завера на Вашингтон со цел тој да биде екстрадиран во САД.

Неколку месеци пред ова шведскиот суд одлучи дека нема потреба од приведување на Асанж.

За да го избегне шведскиот налог за екстрадиција, Асанж од 2012 беше засолнет во еквадорската амбасада во Лондон. Ова траеше се до април годинава кога новиот еквадорски претседател, Ленин Морено, порача дека Асанж ги прекршил условите за азил, по што беше протеран од амбасадата. Веднаш по ова тој беше приведен од британските власти.

Асанж моментално служи 50-неделна затворска казна во Британија за прекршување на условите за кауција. По завршувањето на казната во Британија на него му се заканува екстрадиција во САД, каде треба да одговара за објавувањето на доверливи документи на Викиликс.

 

 

Коронавирус