среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 152
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Шведска ги отфрла тврдењата на Турција дека Стокхолм го финансира тероризмот

Шведска ги отфрла тврдењата на Турција дека Стокхолм го финансира тероризмот

Шведската влада соопшти дека не го финансира тероризмот, како што тврди Анкара, која го наведува ова како пречка за прифаќање на скандинавската земја во НАТО, јави ДПА.

Шведска објави соопштение во кое е наведена стратегија за помош на Сирија, чија цел е да се смират безбедносните грижи на турската влада.

Финска и Шведска аплицираат за влез во НАТО. Тие се решија на овој чекор, ставајќи крај на нивната долгогодишна неутралност поради променетата безбедносна средина во Европа по руската инвазија.

За пристапување на нови членки во Алијансата потребна е согласност од сите нејзини членки.

Коронавирус