сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 72
home Вести

Шварценегер: Трамп ќе мора да се придружи кон оваа иницијатива, на таков начин ќе извојува многу победи

Шварценегер: Трамп ќе мора да се придружи кон оваа иницијатива, на таков начин ќе извојува многу победи

Холивудската ѕвезда Арнолд Шварценегер го повика претседателот на САД Доналд Трамп да се приклучи во борбата за еколошката т.н. зелена енергија, нагласувајќи дека на таков начин „ќе извојува многу победи”.

Поранешниот гувернер на американската сојузна држава Калифорнија присуствува на меѓународен форум во Австрија, кој е дел од иницијативата Р-20 на Шварценегер околу климатските промени. Тој му опонира на Трамп, кој лани ја повлече својата земја од Парискиот договор за климатските промени.

– До оние кои се спротивставуваат, зашто не можат да замислат успех без ископување горива: Ве молиме да ни се приклучите. Сите! И вие исто така, претседателе Трамп, придружете ни се, нагласи Шварценегер.

Американецот со австриско потекло додава дека „доколку сака Американците да не се изморат од неговите победи“, Трамп ќе мора да се придружи кон оваа иницијатива.

Коронавирус