сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 32
home Вести

Швајцарија на референдум гласа за слободното движење со ЕУ

Швајцарија на референдум гласа за слободното движење со ЕУ

Швајцарија денеска гласа на референдум за тоа дали да го раскине договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето.Референдумот се споредува со кампањата за брегзит во Велика Британија, што доведе до одлука на државата да го напушти блокот.

Поддржувачите на укинување на договорот велат дека тој ќе и овозможи на Швајцарија да ги контролира своите граници и да ги избере имигрантите што сака да ги прими, додека противниците предупредуваат дека таквата здрава економија ќе се втурне во рецесија и ќе ги лиши стотиците илјади швајцарски граѓани од слободата на живеење и работа низ цела Европа.

Швајцарската Влада ги повика гласачите да речат „не“ за напуштање на договорот на референдум, а министерката за правда Карин Келер Сатер процени дека тоа ќе создаде ситуација „полоша од Брегзит“.

Предлогот за раскинување на Договорот за слобода на движење на луѓето со ЕУ дојде од крајно десничарската антиимигрантска Швајцарска народна партија, која тврди дека на земјата мора да и се дозволи да постави ограничувања на бројот на странци кои доаѓаат во Швајцарија

Сепак, анкетите предвидуваат дека предлогот нема да биде прифатен, а според едно истражување, 63 отсто од испитаниците се против тој предлог.

Швајцарија одамна одлучи да не влезе во ЕУ, но сака пристап до Европската зона за слободна трговија и сака да соработува со Брисел во области како што се транспортот, животната средина, истражувањето и образованието. (МИА)

Коронавирус