среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 149
home Вести

Штрек: Потребно ни е сценарио за случај да не дојдеме до вакцина

Штрек: Потребно ни е сценарио за случај да не дојдеме до вакцина

Познатиот германски вирусолог Хендрик Штрек е воздржан за прашањето за развивање на вакцина против коронавирусот и смета дека е неопходно да се подготви сценарио во случај да нема вакцина.

-Мојата претпоставка се темели на фактот дека досега не е пронајдена вакцина за различни коронавируси. Истото важи и за други инфективни „убијци“, како маларијата, туберкулозата и ХИВ-от, рече Штрек за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ).

И за грипот, додаде, секоја година мора да се развива нова вакцина.

Тој кажа и дека кај населението нема да биде можно да се сузбијат сите инфекции на коронавируси.

Штрек смета дека е неопходно да се фокусираме на заштитата на оние на кои им се заканува потешка форма на болеста.

-Мора да најдеме начин да живееме со вирусот. Ширум светот пандемијата нема да можеме да ја завршиме со прекин на синџирот на инфекции, тестирања и карантин, туку со нив можеме само да ја контролираме, рече Штрек.

Добро познатиот германски вирусолог, исто така, ја коментираше загриженоста дека болеста не носи со себе имунитет што трае долго.

-Фактот дека недостасуваат антитела не значи дека имунитетот е целосно загубен, објасни Штрек.

Тој изјави дека искуството со други коронавируси покажува дека имунитетот останува една или две години, по што повторно е можна инфекција.

Коронавирус