недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 84
home Вести

Штрајк во „Рајанер“, се очекува голема блокада

Штрајк во „Рајанер“, се очекува голема блокада

Екипажот на ирската авиокомпанија „Рајанер“ најави координиран штрајк во четири европски земји, изјави претставникот на синдикатот Антонио Ескобар.

– Датумот на стапување во штрајк на екипажот во Шпанија, Португалија, Италија и Белгија ќе биде објавен утре, кога властите во Италија ќе дадат согласност, истакна Ескобар, најавувајќи дека штрајкот би можел да опфати и други земји.

Екипажот им се придружи на пилотите од „Рајанер“, кои во вторникот најавија штрајк за 12 јули, тврдејќи дека најголемата европска нискобуџетна авиокомпанија не ги подобрила доволно условите за работа.

Тие денеска објавија листа со 34 барања, меѓу кои се зголемување на минималната плата и исплати за време на боледување, а работниците бараат и договорот за работа да биде на нивниот јазик, врз основа на локалниот, а не на ирскиот закон.

„Рајанер“ сообраќа во 37 земји и превезува 130 милиони патници годишно.

МИА

Коронавирус