четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 7
home Вести

Штрајк во Рајанер, откажани 600 летови

Штрајк во Рајанер, откажани 600 летови

 Екипажот на нискобуџетната ирска компанија Рајанер започна штрајк во четири европски земји поради, како што наведуваат, лоши услови за работа.

Поради штрајкот илјадници патници прават измени на плановите за летање во екот на туристичката сезона.

Синдикатите во Португалија, Шпанија, Белгија и Италија тврдат дека Рајанер или неговите подружници вработуваат работници преку договори поврзани со земји каде што не се стационирани и на тој начин им го намалуваат надоместокот за време на отсуството, што резултира со разлики во приходите и отежнување на пристапот на работниците до бенефиции.

Како одговор, ирската компанија ги објави платите за јуни на својата веб-страница. Рајанер тврди дека пилотите и екипажот се добро платени во Португалија, Шпанија и Белгија, трите земји каде што најпрво почна штрајкот.

Соопштено е дека на 50.000 клиенти, поради откажани 600 летови за два дена, понудени им се други билети или целосно враќање на парите.

Компанијата поседува флота од 450 авиони кои оперираат од 87 бази.

МИА

Коронавирус