четврток, 4. јуни 2020. Вести денес: 141
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Што се случува со белите дробови кога некој ќе се зарази со коронавирус?!

Што се случува со белите дробови кога некој ќе се зарази со коронавирус?!

Од таканареченото респираторно дрво оди во коморите за размена на гасови. Од таму во воздушните џебови. Сакајќи да го исфрлат од себе воспалението, тие го шират во останатиот дел од белите дробови и доаѓа до пневмонија. Проблем е што оваа пневмонија не е иста како повеќето пневмонии поради кои луѓето завршуваат во болница. И знае да биде сурова.

Кога луѓе со ковид-19 развиваат кашлица и температура, тоа е резултат на воспаление на респираторното дрво – воздушните тунели преку кои се спроведува воздухот меѓу белите дробови и надворешноста.

„Површината на респираторното дрво претрпува оштетувања, тоа ги покренува нервните завршетоци во тие канали и доаѓа до кашлица која може да биде предизвикана од најситна честичка,“ го објаснува целиот овој процес професор Џон Вилсон, респираторен стручњак од Австралија.

„Ако ситуацијата се влоши, проблемот се проширува во коморите за размена на гасови кои се наоѓаат на завршетоците на воздушните канали. Кога ќе бидат инфицирани, тие го исфрлаат воспалениот материјал и клетки, дел нанадвор со кашлање и кивање, дел навнатре, во воздушните џебови кои се наоѓаат на дното на белите дробови. Тие реагираат слично па го расфрлаат инфицираниот материјал по целиот орган и на крај тој завршува со воспаление, односно со пневмонија. Белите дробови кои почнуваат да се полнат со тој материјал стануваат неспособни за основната функција, да се однесе доволно кислород во крвотокот и телото да се ослободи од јаглеродниот диоксид.“

Како може пневмонијата да биде третирана?

„За жал, досега немаме ништо проверено што може да спречи развој на пневмонија кај овие луѓе,“ признава професорката Кристин Џенкинс, водечки респираторен експерт во Австралија.

„Ние ги вентилираме со апарати за да им обезбедиме доволни количества кислород додека белите дробови не станат повторно способни за нормално функционирање. Но, некогаш пациентите со пневмонија развиваат и секундарни инфекции па се третираат со анти-вирални лекарства и антибиотици. За жал, во некои случаи и тоа не е доволно. Пневмонијата останува непоразена и тие луѓе не преживуваат.“

Пневмонијата од ковид-19 се разликува од најчестите облици на пневмонија поради кои луѓе завршуваат во болница а кои се бактериски и реагираат на антибиотици. Вилсон вели дека постои евиденција дека оваа пневмонија знае да биде посебно сурова бидејќи често ги зафаќа целите бели дробови а не само некои нивни делови.

Луѓето потсетуваат дека е важно да се запамети дека без разлика колку се здрави и ментално и физички активни, ризикот од пневмонија секогаш се зголемува со возраста, поради природното слабеење на имунолошкиот систем. Во ризичните категории се и луѓе со проблеми на срце, црн дроб и бубрези, пушачи и – специфика за Австралија – Абориџините.

Коронавирус