вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 17
home Вести

Што пишува во тестаментот на принцот Филип? Зад него остави 35 милиони евра, кој ќе ги наследи?

Што пишува во тестаментот на принцот Филип? Зад него остави 35 милиони евра, кој ќе ги наследи?

Принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, која почина на 9 април, за време на смртта бил „тежок“ со околу 30 милиони фунти (околу 35 милиони евра), но малку се знае за тоа кој ќе го наследи неговото богатство.

Затоа се зголемува притисокот врз Владата да ја објави волјата на војводата од Единбург, за деталите за неговото лично богатство да не остане тајна, пишуваат британските медиуми, додавајќи дека притисокот доаѓа од Домот на лордовите.

Дејвид Меклар, експерт за кралското семејство, вели дека тестаментот на принцот Филип треба да се третира како последна желба на секој британски граѓанин. Тој за „Сан“ изјави дека повиците за детали се валидни затоа што тие можат да „спречат измама“ во кралското семејство.

Иако помина повеќе од еден месец откако принцот Филип почина во замокот Виндзор, малку се знае за тоа кој ќе го наследи неговото богатство. Единствената гласина е дека коњите ќе ги наследе неговата внука Лејди Луиз.

Луиз (17), наводно, покрај животните ќе го наследи и пајтонот на Филип, бидејќи обожавала да вози со својот дедо во неа.

Покрај тоа, малку е познато на јавноста за тоа што Филип го имал во сопственост, како и за тоа што секој може да наследи. Меклар претходно изјави дека верува оти целиот имот што Филип го оставил од себе најверојатно ќе го наследи кралицата, со која војводата беше во брак 73 години.

– Главно се прави на тој начин, сопружниците наследуваат. Во тој случај, тие не се обврзани да плаќаат данок – рече тој.

Министерот за правда претходно рече дека наследниците можат да побараат содржината на тестаментот да не биде објавена во јавноста.

ЕУРО 2020

Македонија