понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 173
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Шпионска афера ја тресе Велика Британија: Во центарот на скандалот министерката на полицијата и MI5

Шпионска афера ја тресе Велика Британија: Во центарот на скандалот министерката на полицијата и MI5

Британската разузнавачка служба направила необичен чекор денес, негирајќи ги новинските извештаи дека британската разузнавачка агенција задржувала информации до министерката за внатрешни работи Прити Пател, бидејќи некои од разузнавачите не и веруваат.

“Sunday Times” известил дека службата за безбедност, позната како MI5, не и верувала на министерката, па така ја намалила количината на разузнавачки податоци кои и ги покажувала, пренесува “Reuters”.

Весникот навел дека разузнавачите редовно “превртуваат со очите” на интервенциите на министерката во текот на состаноците. Неименуван безбедносен извор рекол дека тој извештај не е точен.

“Ниедна информација не беше задржана”, рекол изворот кој зборувал под услов да биде анонимен.

“Секој извештај кој сугерира поинаку е едноставно погрешен и не служи за јавниот интерес”, рекол неименуваниот извор.

“Извештаите кои сугерираат дека министерката за внатрешни работи и MI5 немаат силна врска едноставно не се точни”, рекол изборот.

Според зборовите на изворот, министерката за внатрешни работи е известена секој ден за разузнавачките податоци на ист начин како и нејзините претходници.

Коронавирус