вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 127
home Вести

„Шпигел“: Фронтекс вмешан во незаконско враќање мигранти во Егејот

„Шпигел“: Фронтекс вмешан во незаконско враќање мигранти во Егејот

Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, Фронтекс, е вмешана во неколку нелегални „одбивања“ на бегалци кои го преминуваат Егејското Море од Турција кон Грција.Тоа го објави германски „Шпигел“.

Истрагата „за првпат покажа дека високи функционери на Фронтекс биле свесни за незаконски практики од страна на грчките граничари и некои од нив биле вклучени во одбивање“ на мигрантите, пишува списанието. Тие нелегално враќале бегалци во земја каде што можат да бидат прогонети.

Новинари објавија дека откриле шест случаи од април во кои барем единиците на Фронтекс не сториле ништо за да го спречат враќањето на бегалските чамци во грчките води. Видео од инцидент во јуни покажува брод на Фронтекс кој блокира брод со бегалци.

Во истрагата учествувале АРД, тимот на Лајтхаус Репортс, истражната платформа Белингат, Шпигел и јапонската ТВ Асахи.

Новинарите рекоа дека имаат „десетици“ видеа, проверувале и сателитски снимки и испрашувале сведоци, вклучително бегалци и вработени во Фронтекс.

Шпигел пишува дека повеќе од 600 луѓе од Фронтекс, опремени со чамци, беспилотни летала и други авиони, се наоѓаат во Грција, каде што многу имигранти влегуваат во ЕУ за првпат. (MИА)

Коронавирус