Шпанската морска спасувачка служба соопшти дека нејзините припадници спасиле 450 луѓе кои се обидувале од северна Африка да стигнат во Европа.
Соопштено е дека 294 мигранти пловеле преку Гибралтарскиот проток во 17 бродови и се додава оти бројот би можел да е поголем биде за два брода се уште се трага.
Нешто поисточно, од три брода извлечени се 156 мигранти, вклучувајќи 30 жени и шест деца.
Агенцијата на Обединетите нации за миграција наведува дека од почетокот на годината во Шпанија стигнале повеќе од 18.000 мигранти, а оти само на 29. јуни спасени се скоро 800.