петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Вести

Шпанскиот премиер казнет за повреда на изборниот закон, еве колку плати

Шпанскиот премиер казнет за повреда на изборниот закон, еве колку плати

Шпанскиот премиер Педро Санчез плати казна од 2.420 евра, бидејќи во текот на предизборната кампања во 2019 година дал интервју за телевизија во зградата на владата, со што го повредил изборниот закон според кој јавните институции мора да бидат неутрални пред гласањето, извести шпанската јавна телевизија TVE.

Имено, во членот 50.2 од шпанскиот изборен законик е наведено дека од распишувањето на изборите до нивното одржување на јавните тела им е забрането организирање настани поврзани со содржината на камапањата на некоја од партиите.

49-годишниот Педро Санчез кој од јуни 2018 година беше премиер, пред три години се кандидираше од Шпанската социјалистичка работничка партија (PSOE) и го доби новиот мандат кој е во тек. Конзервативната Народна партија (PP), најголемата опозициска партија, поднесе жалба до Централното изборно собрание, бидејќи споменатото интервју било снимано во зградата на владата во Мадрид.

Централното изборно собрание, телото задолжено за спроведување на шпанските избори, уште во 2019 година му одреди парична казна на Санчез, по што тој се жалеше пред Врховниот суд, а сега е потврдена глобата.

Санчез тврдеше дека тој не го одбрал местото за снимање на интервјуто, ниту лично го договорал тој разговори, туку дека тоа го одредиле повеќе лица, како и дека интервјуто објавено на интернетската страница на владата е отстрането веднаш штом била поднесена тужбата. Врховниот суд, меѓутоа, не ја уважил неговата жалба, туку ја потврдил казната според која мора да ѝ плати 2.420 евра на Народната партија.

Народната партија извести дека ја примила таа сума, како и дека ќе ја уплати во добротворни цели.

Коронавирус