недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 79
home Вести

Шпанскиот крал официјално го именува Педро Санчез за нов премиер

Шпанскиот крал официјално го именува Педро Санчез за нов премиер

Шпанскиот крал Фелипе Шести попладнево го потпиша указот за именување на лидерот на Социјалистичка работничка партија на Шпанија (ПСОЕ), Педро Санчез, за премиер на државата.

Кралот претходно се сретна со претседателка на Долниот дом на шапанскиот Парламент Ана Марија Пастор Хулијан, која го информирала за денешното изгласување недоверба на досегашната Влада на Маријано Рахој.

За недоверба на малцинската Влада на Рахој гласаа 180 пратеници, додека 169 беа против.

Изгласувањето недоверба беше иницирано од страна на социјалистите и проследено со предлог Санчез да ја преземе премиерскаата функција.

МИА

Коронавирус